Гром од ведро небо: Реал Мадрид го соопшти името на новиот тренер и сите ги изненади

Дерби

12/06/2018

20:03

3.724

Големина на фонт

а а а

Заминувањето на Зинедин Зидан од Реал Мадрид буквално ја шокираше комплетната спортска јавност на Пиринеите, но во таа насока сега оди и соопштението кое го пренесе европскиот шампион кога е во прашање наследникот на францускиот стручњак.

Во изминативе две недели се споменуваа различни имиња како Маурицио Покетино, Антонио Конте, Тите, Вилјаш Боаш и Гути, но на крајот, конечниот избор паднал на човекот кој во ниту еден случај не беше прозван од медиумите, а всушност станува збор за добро познато име.

Хулен Лопетеги, актулениот селектор на Шпанија ќе го преземе кормилото на клупата на Реал и ќе биде нов тренер на тимот по завршувањето на мундијалот во Русија.

– Хулен Лопетеги е биде тренер на Реал Мадрид по завршувањето на мундијалот во Русија, – гласи краткото и официјално соопштение на „кралевите“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг