Трамп го напуштил Сингапур ден порано и тргнал кон САД: "Не можевме да направиме ништо повеќе"

Точка

12/06/2018

15:10

4.649

Големина на фонт

а а а

Тој на патот кон Вашингтон ќе направи пауза во Гвам и на Хаваите.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го напуштил Сингапур ден порано од тоа што било првично планирано и пред полетувањето на авионот "Air Force One" рекол дека не сакал да остане уште една вечер, кога постигнал се што било испланирано на денешниот историски самит со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун. 

"Не можевме да направиме ништо повеќе", навел Трамп.

"AP" пренесува дека Трамп на новинарите им рекол дека денуклеаризацијата на Северна Кореја мора да биде тотална и потврдена.

"Ќе мора тоа да го провериме. Ние ќе го провериме тоа. Тотално и комплетно", порачал Трамп.

Тој на пат кон Вашингтон ќе направи пауза во Гвам и на Хаваите.

Претседателот на САД, Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун денес потпишале, на крајот на историската средба во Сингапур, заеднички документ во кој се обврзуваат на работа кон "целосна денуклеаризација на Корејскиот полуостров".

"AP" пренесува дека во документот се наведува дека двајцата лидери ќе ги здружат напорите на "изградба на траен и стабилен мировен режим" на Корејскиот полуостров.




Спонзорирани линкови

Маркетинг