Албанците не ги бие добар глас: Еве кој има најмногу шанси за вработување во Германија

Точка

12/06/2018

15:18

7.287

Големина на фонт

а а а

Центарот за социјални истражувања во Берлин изготви студија во која што горе-долу е откриено кои луѓе имаат најголеми шанси за вработување во најмоќната европска економија.

Албанците добиваат најмногу одбивања при поднесувањето на барање за работа во Германија, додека пак лицата од Далечниот исток воопшто не се дискриминирани, стои во заклучокот на Центарот за социјални истражувања во Берлин.

Од овој Центар во периодот од 2014-а до 2016-та година, во рамките на истражувањето испратиле повеќе од 6 илјади апликации за раборни места во повеќе области, меѓу кои и за готвачи, механичари и трговци во големопродажба.


Во апликациите, вработените во Центарот за социјални истражувања на своите фиктивни кандидати им „давале“ различно потекло од вкупно 34 држави, различна вероисповед и различна боја на кожа. Утврдено било дека забраната на дискриминацијата во вработувањето е невозможно да биде проверена.

Така, меѓу странците постојат големи разлики во шансите да добијат позитивен одговор, односно да бидат вработени – за Европејците речиси и да нема никаква разлика во однос на германските државјани.

Но, многу лошо кај апликациите за работа поминуваат кандидатите од Африка и Исламските земји – тие добиваат 7% помалку позитивни одговори од кандидатите кои што се имаат изјаснето како Христијани и од бела раса.


Кога станува збор за националноста, Албанците не се на добар глас меѓу германските работодавачи – само 41% од апликациите на овие фиктивни Албанци во истражувањето на берлинскиот Центар за социјални истражувања добиле позитивен одговор. Исто така, лошо поминале и кандидатите од Пакистан, Доминиканска Република, Етиопија и Мароко.

Интересно е што воопшто нема лоши предрасуди кај апликациите на лицата од Далечниот исток, а тоа пред сѐ се должи на тоа што луѓето од жолта раса се познати како вредни и добри работници. Истражувачите биле изненадени од фактот дека Германците и не се прв избор за шефови – пред Германците се „кандидати“ од Швајцарија, Полска и Јапонија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг