Судир на титаните: Еве што сè треба да знаете за самитот на векот и на што светот може да се надева

Точка

11/06/2018

21:32

7.389

Големина на фонт

а а а

Светското внимание е насочено на Сингапур и на историската средба Доналд Трамп и Ким Јонг Ун, кои ќе разговараат за денуклеаризација на Корејскиот полуостров и ќе се обидат да воспостават мир.

Еве што се треба да знаете за самитот на векот. 

Главни теми

Севернокорејските државни медиуми објавиле дека Ким Јонг Ун и Доналд Трамп ќе разговараат "за постојан и траен мировен механизам" на Корејскиот полуостров и негова денуклеаризација.

Тие, како што се наведува, ќе разговараат и за други работи од значење за двете страни.

Обезбедување

Иако двајцата лидери со себе ќе доведат безбедносни тимови, елитната сингапурска полиција - вклучувајќи го и контингентот Гурки - ќе го обезбедува местото на средбата, патиштата и хотелите, соопштиле дипломатите запознаени со обезбедувањето на високи личности во таа островска држава.

Гурките, кои во Сингапур не се гледаат често, биле видливи минатиот викенд, кога го обезбедувале хотелот "Шангри Ла", каде била одржана безбедносна конференција на која учествувале индискиот премиер Нарендра Моди, американскиот државен секретар Џејмс Матис и други регионални министри.

Место на средбата

Островот Сентоса, местото на историската средба на американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, денес е популарна туристичка дестинација во Југоисточна Азија со познати терени за голф и песочни плажи.

Островот во Сингапур, меѓутоа, има свое мрачно минато кое е малку познато. Локацијата на самитот, закажана за 12. јуни во часот по локално време, е одбрана од многу логични причини.

Островот е сместен на само половина километар од јужниот брег на Сингапур, каде ќе биде полесно да се спроведат мерките за безбедност, кои се подразбираат за ваков состанок.

Можни резултати

Кога најавил дека самитот сепак ќе се одржи, откако прво го откажал, Трамп изјавил дека "нема да потпише било што".

Одбил да го коментира можното попуштање на санкциите но додал: "Посакувам ден кога ќе можам да ги укинам санкциите за Северна Кореја". Навел и дека е подготвен да воведе нови економски рестрикции доколку преговорите пропаднат. Ким од друга страна сака отстранување на санкциите додека се обидува да ја засили економијата на земјата.

Некои извештаи наведуваат дека Ким и Трамп би можеле да потпишат формален крај на војната. Сепак, тоа би можело да биде компликувано, поради фактот дека договорот мора да го потпише и Кина, која е потписничка на примирјето.




Спонзорирани линкови

Маркетинг