Ким веќе во елемент: Погледнете како севернокорејскиот лидер го минува времето во Сингапур пред средбата со Трамп: Селфи фотографии на сите страни

Точка

11/06/2018

19:00

3.572

Големина на фонт

а а а

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, го напуштил својот хотел во Сингапур, за, како што се верува, во текот на вечерта да ги обиколи туристичките атракции на државата, пред утрешниот самит со американскиот претседател Доналд Трамп.

Ким, како што се прецизира, го напуштил хотелот вечерва во 21:04 часот по локално време, заедно со највисоките службеници, вклучувајќи ја и неговата сестра Ким Јо Јонг и Ри Су Јонг, еден од повисоките службеници на владејачката Работничка партија. 

Локалниот дневник "Стрејт Тајмс" претходно известил дека ќе оди на разгледување, мини туристичка тура низ градот. Се верува дека Ким ќе ги обиколи Марина Беј Сандс, Скајпарк и Еспленејд.

Во попладневните часови сингапурските власти ја зголемиле безбедноста околу хотелот Сент Реџис, каде престојува лидерот на Северна Кореја.




Спонзорирани линкови

Маркетинг