Од партијата Демократска обнова на Македонија (ДОМ) денеска преку соопштение јавно прашуваaт кој ги мами луѓето во неготинското село Тимјаник дека може да имаат некаква штета доколку нивни сограѓани станат неколку лица со попреченост.
„Тврдиме дека е ова измама и грда лага, која се стреми луѓето од Тимјаник да ги направи нелуѓе. Лага, која тргнува од негирање на човековото право на лицето со попреченост да живее достоинствен живот на човек“, се наведува во партиското соопштение.
Од ДОМ апелираат до жителите на Тимјаник да не бегаат од човечноста во себе, а со тоа и од човечноста кон лицата со попреченост кои сакаат да бидат нивни сограѓани.