Последни подготовки пред историската средба: Дали Трамп ќе се согласи за демонтирање на „нуклеарниот чадор“ од Јапонија и Јужна Кореја?

Точка

11/06/2018

16:40

2.331

Големина на фонт

а а а

Американскиот и севернокорејскиот претседател веќе се наоѓаат во Сингапур и моментално се вршат последните подготовки пред нивната историска средба.

Утре ќе се одржи средбата на американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот претседател Ким Јонг Ун во Сингапур, а двајцата претседатели веќе пристигнаа таму во текот на вчерашниот ден.

Понатаму, во текот на вчерашниот ден во Сингапур беа одржани неколку состаноци помеѓу американски и севернокорејски владини функционери во рамките на последните подготовки пред средбата која што според многумина е историска.


Јасно е дека двете страни имаат свои цели, а прашање е што точно значи де-нуклеаризацијата за Соединетите Американски Држави, а што значи и за Северна Кореја. За условите и деталите малку се зборуваше досега, па очигледно е дека многу работи се чуваат за самата средба помеѓу Трамп и Ким.

Севернокорејската државна новинска агенција "KCNA" денес пренесува дека средбата помеѓу двајцата претседатели ќе се одржи во рамките на „новата ера“.

Понатаму, нагласено е дека главната тема на состанокот помеѓу Доналд Трамп и Ким Јонг Ун ќе биде „изградбата на трајниот мировен механизам за Корејскиот полуостров“.


Северна Кореја отфрла „еднострана де-нуклеаризација“, а тоа значи дека официјален Пјонгјанг ќе побара од САД да го повлече „нуклеарниот чадор“, односно системот на против-воздушна одбрана кој што ги штити Јужна Кореја и Јапонија.

Да се побара такво нешто од Вашингтон досега беше незамисливо, но со доаѓањето на Доналд Трамп во Белата куќа, кој што за разлика од своите претходници остро го критикува концептот на заштита на други држави, навистина се е возможно.



Спонзорирани линкови

Маркетинг