Трамп и сингапурскиот премиер на средба во четири очи

Макфакс

11/06/2018

09:58

919

Големина на фонт

а а а

Претседателот на САД, Доналд Трамп се сретна со сингапурскиот премиер Ли Хазен-ланг во пресрет на историската средба на врвот меѓу САД и Северна Кореја.

Средбата во четири очи се одржа во официјалната резиденција на премиерот на Сингапур. По неа, двајцата лидери излегоа кусо пред медиумите, позираа пред камерите по што заминаа на работен ручек, без да дадат изјави за медиумите.

Во хотелот „Риц Карлтон” се одржаа подготвителни разговори меѓу претставниците на САД и Северна Кореја, а се очекува подоцна да има уште една таква средба. Американскиот државен секретар Мајк Помпео, кој е во американската делегација, напиша на Твитер дека разговорите била „суштински и детални”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг