Ким веќе најави како ќе се однесува на самитот: Во Сингапур пристигна со „летечка измама“

Точка

11/06/2018

14:05

4.186

Големина на фонт

а а а

Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун пристигнал во Сингапур со користење на „измама“ на авиони, додека пак на аеродромот го пречека конвој на автомобили.

Еден од трите авиони кои што полетаа од аеродромот во севернокорејската престолнина Пјонгјанг бил од советско производство - „Иљушин-62“, личниот авион на Ким Јонг Ун познат како „Јастреб-1“.

Овој авион на Западот е познат како "Air Force Un", што е игра со зборови на американскиот претседателски авион кој што е наречен "Air Force One".

Личнит „Иљушин“ авион на Ким Јонг Ун всушност бил диверзија, затоа што севернокорејскиот лидер во Сингапур сепак пристигнал со друг авион - „Боинг 747“ кој што припаѓа на кинеската авиокомпанија "Air China".

После диверзијата и конечното пристигнување на Ким Јонг Ун во Сингапур, севернокорејскиот лидер бил пречекан од конвој од 20 автомобили, меѓутоа никој од насобраните фоторепортери не успеал да го фотографира севернокорејскиот лидер затоа што сите автомобили имале затемнети стакла.


Како што пренесуваат тамошните медиуми, ова е уникатна пракса, затоа што во Сингапур затемнетите стакла на автомобилите дури биле забранети и за службениот автомобил на премиерот на државата.

Ким Јонг Ун престојува во хотелот „Регис“, меѓутоа сите приоди до хотелот се блокирани, па дури ниту на фоторепортерите и новинарските екипи не им било дозволено да се приближат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг