Овој зеленчук е одличен за јадење, но исто така и за нега на Вашата кожа

Точка

01/06/2018

13:35

2.218

Големина на фонт

а а а

Доколку не сте задоволни со својата кожа и имате проблем со акните, порите и изгорениците од сонце или кожа која изгледа уморно, доматот ќе Ви биде и повеќе од помош.

Тој е богат со ликопен, антиоксиданс кој делува како неутрален крем против сонцето. Овој антиоксиданс исто така делува како производ против стареењето на кожата и се бори против оштетување на клетките и црвенилото. Се препорачува внесување на најмалку еден домат дневно кој ќе Ви помогне да ја задржите влагата на кожата. 


Големите пори овозможуваат нечистотијата да се задржи на Вашето лице, поради што се зголемува можноста за инфекции. Во тој случај земете една супена лажица свеж сок од  домат и додадете две до четири капки свеж лимон. За нанесување на оваа смеса на лицето искористете памук и масирајте со кружни движења. После 15 минути измиете се со студена вода. Редовното применување на оваа маска значајно ќе ги намали порите.


Природната киселина во доматот помогнува во намалување и отстранување на акните. Витамините А и Ц се наоѓаат во многу лекови против акни, а доматот е богат токму со овие витамини. За сериозни проблеми со акните, изгмечете го целиот домат и нанесете го како маска на лицето. Чувајте го околу еден час, а потоа измиете го лицето и нанесете средство за хидратација на кожата. Правете го тоа барем еднаш дневно и акните би требало да се повлечат.


Во случај на мрсна кожа, земете краставица и сокот измешајте го со сокот на доматот. Нанесете ја мешавината на лицето со памук и правете го тоа секојдневно.

На лето сигурно имате изгореници од сонцето, па изгмечете пола домат и измешајте го со две супени лажици јогурт. Мешавината ставете ја на лицето, вратот, рацете и стапалата, а потоа измиете после 20 минути. Доматот ќе ја олади кожата, неутрализира нејзината површина, додека јогуртот ќе ги осигура потребните протеини.



Спонзорирани линкови

Маркетинг