Дали Будимир го преболела Тоше Проески! Сега таа е мажена, а можете ли да замислите како го крсти своето дете?

Точка

28/05/2018

16:52

33.700

Големина на фонт

а а а

Сите ние сме сведоци за трагедијата поврзана со смртта на најголемата музичка ѕвезда на територијата на поранешна Југославија - Тоше Проески. Иако тагуваше целиот Балкан, а особено Македонија, неговата смрт најмногу го погоди неговото семејство како и неговата поранешна девојка Андријана Будимир.

Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година. Љубовта кон музиката го одреди неговиот животен пат, уште од детството. Неговиот прв настап пред публиката беше на детскиот фестивал "Златно славејче". По неколку години неговиот талент го призна еден од најпознатите македонски композитори, и оттогаш неговата кариера се движеше само како растечка патека. Веста за неговата смрт го погоди Балканот и никој не можеше да поверува дека тоа е вистина.


Андријана Будимир, долгогодишната девојка на Тоше, после неговата смрт се повлече од јавноста, а за нејзината љубовна врска не сакаше да зборува, бидејќи сето тоа за неа беше болна тема. 


После пет години тагување, таа се омажи за угостител од Скопје, а парот во 2014 година го доби синот Максим. Денес таа има приватно училиште за ракомет и работи како тренер.


После смртта на Тоше медиумите интензивно пишуваа за неа. Таа навлезе во јавна расправа со менаџерката на Тоше, Лилјана Петрович, бидејќи ја обвини дека лаже и дека никогаш не била девојка на славниот пејач. Тој спор завршил на суд,а пресудата била донесена во корист на Будимир. Петрович морала да исплати 300.000 денари оштета за клевета и 500 евра за да ги покрие судските трошоци.





Спонзорирани линкови

Маркетинг