Рикардо прв во Монако, Фетел заврши пред Хамилтон

BalkanInsight

27/05/2018

19:29

3.436

Големина на фонт

а а а

Даниел Рикардо, возачот на Ред Бул е победник на шестата трка во сезоната, Големата награда на Монако. Австралиецот, на најпрестижната трка во календарот на Формула 1, ја забележа својата втора победа во сезоната.

Рикардо трката ја започна од пол-позицијата и со исклучок на моментот кога ги посети своите механичари, не ја испушто, ниту пак им дозволи на конкурентите да му ја загризат позицијата. 

Втор низ целта мина Себастијан Фетел на Ферари. Германецот во целта влезе пред лидерот во генералниот пласман Луис Хамилтон на Мерцедес. 


Четвртата и петтата позиција им припадна на Финците од Ферари и Мерцедес, Кими Раиконен и Валтери Ботас. 

Бодови во Монако уште освоија Естебан Окон, Пјер Гасли, Нико Хулкенберг, Макс Ферстапен и Карлос Саинц јуниор. 

Во генералниот пласман води Хамилтон со 110 бода, втор е Фетел со 96,а Рикардо со денешната победа се искачи на третото место со 72 бода. 

Наредната трка во шампионатот на Формула 1 ќе се вози во Канада на 10.јуни.



Спонзорирани линкови

Маркетинг