Почина астронаутот Алан Бин, четвртиот човек кој стапна на Месечината

Точка

27/05/2018

11:34

2.296

Големина на фонт

а а а

Астронаутот Алан Бин, четвртиот човек кој стапна на Месечината, почина на 86-годишна возраст.

Бин починал во својот дом во Хјустон, опкружен со семејството и своите најблиски, изјавила неговата сопруга. 

“Тажни сме поради заминувањето на астронаутот Алан Бин. Четвртиот човек кој одеше по Месечината помина повеќе од десет часа на површината во текот на мисијата Аполо 12”, изјавиле од НАСА.

Поминал 31 час и 31 минута на Месечината

Бин е роден на 15-ти март 1932 година во Тексас. Тој заедно со Пит Конрад ја истражувал површината на Месечината во ноември 1969 година, во текот на вториот лет.


“Тие ја истражувале површината на Месечината, извеле неколку експерименти и ја инсталирале првата станица со нуклеарен генератор со цел да создадат извор на енергија”, изјавил неговиот биограф.

Бин во вселената бил вкупно 69 дена, 15 часа и 45 минути, од кои 31 час и 31 минута на Месечината, објавило неговото семејство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг