ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Заев ги нарачува пресудите

Макфакс

26/05/2018

12:56

723

Големина на фонт

а а а

ВМРО-ДПМНЕ повторно обвини дека државата се презадолжува, а граѓаните осиромашуваат, додека претседателот на СДСМ, Зоран Заев се обидува да ја покрие катастрофата со нарачани судски пресуди.

„Судот стана партиска експозитура на Заев и СДСМ. Правосудството не го интересираат ниту аргументи, ниту докази ниту факти туку слепо извршување на партиската задача на Заев.

Додека политичките неистомисленици на Заев секојдневно се малтретираат и им се изрекуваат драконски затворски казни, самиот Зоран Заев беше ослободен од барањето за поткуп каде сведок беше целата македонска јавност. Беше ослободен како што беа ослободени и обвининетите од Moнструм и Сопот. Судот и Зоран Заев го прават целиот македонски народ слеп и глув за криминалите на овој човек. Барање поткуп беше евидентирано со судска наредба, но видео во кое бара едно евро за Вице и евро за црквата беше отфрлен од судот како доказ“, се вели во соопштението на опозицијата.

ВМРО-ДПМНЕ додава дека овие процеси се прават со цел јавноста да се дефокусира од штетните и катастрофални антидржавни политики што ги спроведува СДСМ и Зоран Заев.



Спонзорирани линкови

Маркетинг