Татко ѝ ја напуштил, а таа победи на шоуто ”Американски Идол”, сега нагло ослабе бидејќи се чувстувала “мизерно”!

Точка

24/05/2018

18:16

8.433

Големина на фонт

а а а

Пејачката која што одамна победи на шоуто “Американски Идол” во текот на годините беше предмет на озборување и потсмев, поради нејзиниот физички изглед. Меѓутоа Кели Кларксон е препознатлива по тоа дека не ѝ е грижа за тоа што луѓето имаат да кажат за нејзината тежина. А нејзината победа во шоуто е доказ дека внатрешните квалитети се многу поважни од надворешните.

Таа оваа недела се пошегува на нејзина сметка, за нејзиното очигледно губење на тежината велејќи дека го ангажирала Хари Потер. Инаку пејачката која е мајка на две деца и има 36 години, вели дека не се срами од своето тело.



Таа во октомври, појасни како изгледала нејзината борба со тежината во магазинот “Attitude”.

"Кога бев навистина слаба, сакав да се убијам. Бев мизерна, како одвнатре така и однадвор и тоа четири години од мојот живот, но никој не се грижеше, бидејќи естетски сето тоа имаше смисла".


Кели Кларксон со таа изјава сакаше да го опише нејзиното ментално здравје велејќи дека нејзиното слабеење не било планирано, туку резултат на негативна случка која што направила таа да се чувствува потиштено со години. Инаку Кели доживеала голема траума во детството кога нејзиниот татко ја напуштил уште кога имала 6 години, па пејачката останала да живее заедно со мајка ѝ.  





Спонзорирани линкови

Маркетинг