Со новата песна пејачката предизвика контроверзии, откри дека е бисексуалка и им се извини на ЛГБТ заедницата

Точка

24/05/2018

16:40

8.108

Големина на фонт

а а а

Пејачката Рита Ора објави нова песна "Girls" во која се појавуваат и гласовите на Биби Рекса, Charlie XCX и раперката Карди Би. Во новата песна Рита открива дека е бисексуалка, а на промотивната турнеја открила уште нешто.

Рита во новата песна пее за личните искуства кои ги имала со девојки, признавајќи дека инспирација ѝ била нејзината омилена песна од Кејти Пери "I Kissed a Girl", пренесува "Teen Star". 


Иако песната ја напишала со намера да стане химна на бисексуалците, популарните пејачки Келани и Хејли Куоко ја осудиле Рита и нејзината песна дека всушност таа ја комерцијализирала бисексуалноста.

По тој повод се огласила и Рита на социјалните мрежи, каде јавно им се извинила на членовите на ЛГБТ заедницата доколку нејзината песна ги навредила.

Таа исто така објасна дека песната била напишана според нејзините искуства и дека со неа сакала јавно да ја открие својата сексуалност и дека немала лоши намери. Исто така, се претпоставува дека песната е напишана поради нејзинта поранешна романса со манекенката Кара Делавин, врска за која се шпекулираше дека е повеќе од пријателска.

Paris see you tonight. (Shot in dam) #GirlsTour

A post shared by RITA ORA (@ritaora) on

Рита моментално е на промотивна турнеја, па секојдневно има настапи, а еден од последните ѝ бил во Париз каде престојот во француската престолнина го искористила за уживање и одмор. Па така Рита ги почести фановите со провокативна фотографија каде позира во чипкаст градник кој покажува повеќе од потребното.

I dressed up for you Dam thanks for selling out my show tonight!! #girlstour

A post shared by RITA ORA (@ritaora) on



Спонзорирани линкови

Маркетинг