Зелена лупа ја продлабочува соработката со Здружението за култура и помош на иселените Турци од Македонија

Макфакс

24/05/2018

15:45

1.635

Големина на фонт

а а а

Здружението Зелена лупа денеска во Измир потпиша меморандум за соработка со Здружението за култура и помош на иселените Турци од Македонија.

Меморандумот го потпишаа претседателите на двете Здруженија, Ване Цветанов и Шабан Јапарк.

Во меморандумот двете здруженија се согласуваат на соработка и меѓусебно помагање во делот на остварување на човековите права. Од „Зелена лупа“ соопштија дека сега граѓаните на Македонија ќе можат да побараат правна помош во канцелариите на Здружението за култура и помош на иселените Турци од Македонија во Измир, а граѓаните на Турција ќе можат да бараат помош во канцелариите на Здружение Зелена лупа во Скопје.



Спонзорирани линкови

Маркетинг