Била позитивна и сметала дека болеста е само фаза, но манекенката не успеа да ја победи борбата со ракот

Точка

24/05/2018

15:39

10.160

Големина на фонт

а а а

Бразилската манекенка Нара Алмеида починала после долгата борба со рак, а ќе остане запомнета по својата позитивна енергија и покрај тоа што ѝ бил дијагностициран малигнен тумор кој ѝ се проширил на сите органи.

Од моментот кога ѝ било соопштено дека боледува од рак на желудникот, во август 2017 година популарната Бразилка Нара Алмеида ја документираше својата бобра со канцерот и ја споделуваше нејзината приказна на социјалните мрежи. 

Таа секојдневно објавуваше на Инстаграм за нејзината здравствена состојба како и за сите терапии кои ги примала. 24 годишната блогерка постојано пишуваше инспиративни пораки и ги објавуваше за да им презентира на сите како навистина изгледа животот на луѓето кои боледуваат од оваа лоша болест.

За жал, Нара не успеала во борбата па починала во болницата во Сао Паоло во Бразил, а нејзината смрт ја соопшти нејзиното момче Педро Роха.

"Нара почина вчера, после долга борба. Јас сакав засекогаш да биде покрај мене, но заслужи да се одмори, нејзината смрт ќе остави голема празнина во моето срце, но секогаш ќе живее во мене, ќе биде моја инспирација и ќе ми помогне да го гледам светот во подобро светло", напиша во емотивната порака на Инстаграм.

Откако ѝ било соопштено дела болеста ѝ се проширила на сите органи, таа ги извести своите фанови со порака во која покажа дека не стравува и дека тоа нема да биде крај.

"Докторите ми потврдија дека мојата состојба е влошена и дека веројатно нема лек. Но, уште еднаш ќе повторам: Ова е само фаза. Сигурна сум дека ова не е крајот", напишала Бразилката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг