Фан се огласил на Твитер во понеделникот, во врска со тоа дека пејачката се појавила јавно заедно со ѕвездата Пит Давидсон. Аријана Гранде и Пит биле видени на шоуто коешто го води тој, именувано како "Saturday Night Live" и тоа веднаш по нејзиното неодамнешно раскинување со Мак Милер. Твитот бил сочувствителен кон раперот, а на твитот одговорила и пејачката.
Милер го удрил автомобилот кај телефонски столб и избегал од местото на несреќата. Неколку дена по раскинувањето на Аријана и Милер, тој бил уапсен за возење во алкохолизирана состојба, со содржина на алкохол во крв, речиси двојно поголема од дозволената граница.
Бидејќи одреден фан ја осуди Аријана за раскинувањето со Милер, таа реши да му одговори јавно, велејќи дека е апсурдно минимизирањето на женската самопочит и дека никој не треба да остане во токсична врска, па макар и партнерот да напишал музички албум за неа. Таа потенцираше дека не му е бејбиситерка на Милер или пак негова мајка и дека ниту една жена не треба да се чувствува дека треба да биде некому. Аријана се оправда велејќи како таа се грижела за својот партнер и дека одржувала баланс во врската со години, но бидејќи тој не ја почитувал таа решила да го напушти. Фанот понатаму одговорил со извинување во форма на една подолга порака.Твит војната сепак заврши позитивно. После некое време, Аријана објавила фотографија од неа и поранешниот партнер, каде што пејачката напишала дека кон него чувствува безусловна љубов и дека ќе биде нејзин најдобар пријател.
Гранде од неодамна навидум е поврзана со ѕвездата, Пит Давидсон.