Истрагата за убиениот словачки новинар води до Албанци од Македонија

Макфакс

24/05/2018

15:15

5.849

Големина на фонт

а а а

Истрагата за убиството на словачкиот новинар Јан Кучијак и неговата свршеница ги донела истражителите до албански бизнисмени од Македонија, кои соработувале со италијанска мафија од Ндрангета, пишува „B92“.

Истрагата тргнала по тој правец бидејќи Кучијак во своите текстови анализирал сомнителни зделки и врски помеѓу неколку албански семејства во Словачка.

„Работевме со Кучијак на досиеја кои се однесуваа на албанската мафија”, изјавила за „Млад фронт“ истражувачката новинарка од Чешка, Павла Холцова, која соработувала со Кучијак во истражувањата за италијанската мафија, нејзините врски со словачки политичари и злоупотреби со европски субвенции за земјоделство.


Според информациите на „Млад фронт“, словачката полицијата работи на повеќе од 10 верзии за можните организатори на убиството на Кучијак и неговата свршеница. Сега е веќе напуштена оригиналната верзија дека убиството на младиот пар го организирала италијанската мафија за која тој ја напишал постхумно објавената статија. Полицијата проверува неколку словачки магнати и македонски Албанци кои соработувале со мафијата Ндрангета, меѓу другото и за извоз на месо во Турција.


Јан Кучијак и неговата свршеница беа пронајдени мртви во неделата навечер во нивниот стан во Велка Мака, а првично се претпоставуваше дека убиството е извршено поради тоа што новинарот ги истражувал наводите за нелегални плаќања од средствата на ЕУ фондовите, во кои биле вмешани словачки и италијански државјани поврзани со организираната криминална група „Ндрангета“. По убиството следеа масовни протести и оставки на високи функционери во земјата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг