Поранешната вереница за Мини Ми: “Ме третираше како роб и беше зависен од секс”

Точка

24/05/2018

13:56

12.509

Големина на фонт

а а а

Еден месец по смртта на актерот Верн Тројер, познат по улогата на Мини Ми во филмот “Austin Powers”, британскиот “The Mirror” објави интервју од 2009 година со неговата поранешна вереничка, Рене Шрајдер.

Шрајдер во интервјуто зборувала за врската со 81-центиметар високиот актер и раскажала за неговата “темна страна”. 

Поранешните вереници се запознале на новогодишна забава пред девет години и набрзо се вселиле во заеднички стан во Лос Анџелес.


“Платив половина наемнина, мислејќи дека тој ќе биде доволно галантен да го одбие тоа, но не беше”, раскажала Рене која во тоа време работела како келнерка. Таа додала дека постоеле две страни од актерот – забавната и духовната страна и “мрачна и злобна” страна на хроничниот алкохоличар со незгоден нарав кој таа имала прилика да го запознае.

Шрајдер во интервјуто истакнала и дека Тројер бил исклучително скржав, што го потврдува и нивната свршувачка која актерот ја организирал во ресторан за брза храна, а на неа ѝ подарил пластичен прстен.


Рене додава и дека актерот “ја третирал како роб, премногу пиел и постојано поминувал низ бурни промени на расположението”. Парот останал заедно сè до 2008 година, а врската пропаднала отккао Тројер, без нејзина согласност, објавил секс снимка од нив двајца на интернет.

“Нашиот прв состанок беше кај него дома, гледавме “American Idol” и игравме видео-игри. Тогаш живееше во куќа која беше посебно дизајнирана за него, со минијатурен мебел”, се присетила актерката и признала дека актерот никогаш не ја привлекувал сексуално.


“Искрено, поголемиот дел од ноќите беа ужасни. Ги затворав очите и мислев на сексот како на добротворна работа, како на нешто што би го направила за него”, изјавила Шрајдер и додала дека во целата нивна врска, тие воделе љубов само десетина пати бидејќи таа секогаш пронаоѓала изговори.

“Бев негова асистентка и готвачка, дури ги отворав и писмата од неговите обожаватели и им испраќав одговори во негово име, додека тој седеше на интернет и читаше што се пишува за него. Сепак, никогаш не ми се заблагодари за тоа”, заклучила некогашната вереничка на покојниот Тројер.

Верн почина на 49-годишна возраст, 20 дена откако бил примен во болница поради алкохолизам и депресија. Иако се претпоставува дека починал од труење со алкохол, причината за неговата смрт сè уште не е позната бидејќи не се објавени резултатите од токсиколошкиот налог.



Спонзорирани линкови

Маркетинг