Вознемирувачко видео: Питбул нападнал 4-годишно дете, сопственикот не можел да го ослободи од неговата вилица

Точка

24/05/2018

12:48

9.106

Големина на фонт

а а а

Страшна сцена се случила во Кина, кога питбул нападнал 4-годишно дете, загризувајќи го за нога.

Кучето било врзано за дрво, но тоа не го спречило да го нападне детето. Питбулот го гризнал детето за нога, а случајните минувачи и сопственикот пробувале да го одвојат.

Откако успеале во тоа, детето било пренесено во болница. Полицијата дала изјава дека детето кое се презива Ву било нападнато пред продавница за миленичиња во округот Дазу. Случајните минувачи го снимиле целиот настан, а на снимката може да се види како сопственикот на кучето (31) се бори да го ослободи детето од вилицата на питбулот.

Детето паднало на земја, а кучето ја зграбило неговата десна нога и не сакало да го пушти. Лекарите констатирале повреди кај детето, а забите на кучето му направиле мали дупки на ногата.

Според соопштението, сопственикот на кучето се согласил да плати казна од 66 евра и добил усна опомена. Исто така, се согласил и да ги плати трошоците за лекување на детето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг