Продуцентот ги посакувал жените на Бред Пит: Анџелина Џоли и поранешната свршеница Гвинет Палтроу, жртви на обид за силување

Точка

24/05/2018

10:37

7.259

Големина на фонт

а а а

Актерката Гвинет Палтроу го нарече Бред Пит "најдобар" за заканувачкото однесување кон продуцентот Харви Вајнштајн, кога продуцентот извршил сексуален напад врз младата глумица. Покрај Бред Пит, нејзиниот поранешен свршеник, глумицата се чувстувала заштитетно.

Таа во едно интервју сподели повеќе детали за нејзината врска со Бред Пит. Гвинет раскажуваше како Пит му се заканувал на Вајнштајн велејќи му:

"Ако некогаш повторно направиш таа да се почувствува непријатно, ќе те убијам".



Гвинет Палтроу изјави дека засекогаш ќе биде благодарна на поранешниот свршеник Бред Пит, за начинот на кој што тој ја бранел од Харви Вајнштајн. Таа не ги криеше своите чувства кон поранешниот свршеник, кога јавно изјави:

"Она што го стори тој за мене беше фантастично, Бред ја искористи својата слава и моќ и ме заштити во време кога сè уште немав слава или сила". Таа додаде: "Тој е најдобар".

Глумицата го обвинила продуцентот за сексуално малтретирање во хотелот "Полуостров" во Беверли Хилс. Таа имала само 22 години кога Вајнштајн ја поканил до својата хотелска соба и ѝ предложил да го измасира.

"Бев дете... бев скаменета", рече таа."Мислев дека ти си мојот чичко Харви", се присети глумицата.



Потоа Вајнштајн ја предупредил да молчи во врска со тоа што се случило помеѓу нив. Актерката веќе имала потпишано договор за работа со овој продуцент, а Бред Пит бил премногу гневен за сè што се случило.

Кога приказната станала поактуелна во јавността, некои луѓе изјавиле дека малку поинаква е верзијата за заканата на Пит кон продуцентот.

"Бред му се закануваше на Харви. Тој го приближи своето лице до неговото, го подигна во пределот кај градите и му рече: "Вие никогаш нема повторно да ѝ го направите тоа на Гвинет"."


Палтроу и Пит биле во врска од 1994 до 1997 година, во време кога тој веќе бил голема филмска ѕвезда. Тие двајцата глумеле заедно во филмовите: “Interview With the Vampire”и“Se7en”, во кои Палтроу глуми девојка која што му се допаѓа на Пит. Како што велат изворите, Вајнштајн убедливо негирал за сите сексуални обвинувања упатени кон него, а исто така одрекол дека ги малтертира сите жени кои што го одбиле.



И покрај неговите негирања, околу 56 жени со свои приказни и искуства, го потврдиле она што го изјавила Гвинет во врска со овој продуцент, бидејќи и самите тие биле жртви на таквото недолично однесување на Вајнштајн кон нив. Меѓу 56 – те жени на листата се најдоа и Анџелина Џоли, Ешли Џад и Мира Сорвино. Навидум сега во Њујорк се врши истражување дали Вајнштајн однел или принудил било која жена да патува преку државните граници со цел да изврши сексуален криминал. Обвинувањата остануваат мистерија, па се надеваме дека наскоро ќе се разреши случајот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг