Пронајдена е масовна гробница во САД: Над 7 илјади скелети на пациенти на психијатриска болница...

Точка

24/05/2018

12:30

3.611

Големина на фонт

а а а

Телата на околу 7 илјади пациенти биле закопани во масовна гробница која што припаѓа на универзитетски кампус во американската сојузна држава Мисисипи.

Како што пренесуваат американските медиуми, властите на сојузната држава Мисисипи, веруваат дека остатоците на над 7 илјади поранешни пациенти во психијатриската болница се наоѓаат на празното поле кое што е во рамките на Медицинскиот центар при Универзитетот Мисисипи во Џексон.

Телата биле закопани во големата, масовна гробница која што денес е во рамките на универзитетскиот кампус, а истата била пронајдена за време на градежните работи при проширувањето на комплексот.


Во мај 2016-та година, челниците на универзитетот воспоставиле конзорциум кој што имал задача да врши истражувања, да спроведе ексхумација и да ги проучи остатоците од телата.

Антропологот Моли Закерман во својата лабараторија ги проучила остатоците на 66 поранешни пациенти чии што тела веќе биле ископани.


Анализирајќи ги остатоците, таа за американските медиуми открила дека антрополозите можат да видат како здравјето на маргинализираното население било директно загрозено со структурални проблеми како што се сиромаштијата и расизмот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг