Перфектно: Новиот премиум телефон на Xiaomi има сензор за отпечатоци на прсти на самиот екран

Точка

23/05/2018

18:31

4.704

Големина на фонт

а а а

Гласини за новиот премиум телефон на Xiaomi кружат веќе подолго време, а сега се појави и кратко видео кое што открива дека од кинеската компанија се погрижиле нивниот нов адут на пазарот да добие сензор за отпечатоци на прсти интегриран на самиот екран.

Станува збор за паметниот телефон Xiaomi Mi 8 кој што всушност е наследник на минатогодишниот модел Mi 6, па можеби изгледа и малку чудно што од кинеската компанија одлучија да ја прескокнат „седмицата“ од непознати причини.

Xiaomi од претставувањето на Mi 6 моделот на пазарот пласираше уште два паметни телефони - Mi Mix 2 и Mi Mix 2S кои што имаат поголеми екрани. Сепак, одлуката на кинеската компанија да експериментира помеѓу два циклуси и пред доаѓањето на новиот флегшип воопшто не е изненадување.

Новиот Xiaomi Mi 8 ќе има 3Д технологија за препознавање на лице која што слично на Face ID на Apple ќе служи за отклучување на телефонот, потоа Snapdragon 845 процесор, 8 GB RAM меморија и 64 GB, како и батерија со капацитет од 4.000 mAh и поддршка за бежично полнење.

Сензорот за отпечатоци на прсти интегриран на екранот инаку е вистинска реткост на денешниот пазар, но сепак вреди да се спомене дека досега се претставени два одлични модели со оваа опција Vivo X20 и Huawei Porsche Design Mate RS.



Спонзорирани линкови

Маркетинг