Влахов Мицов за пресудите на Заев и Груевски: Во Македонија нема независно судство

Макфакс

23/05/2018

14:54

1.898

Големина на фонт

а а а

Потпретседателот на Единствена Македонија, Стефан Влахов Мицов, по повод ослободителната пресуда за премиерот Зоран Заев за случајот „Поткуп“ и осудителната пресуда на Ѓоко Поповски и експремиерот Никола Груевски изјави дека во Македонија нема независно судство и дека одлуките на судот се очекувани.

- Немањето независно судство некои го делат од времето на Груевски, некои, пак, од времето на Заев, но, за жал, ние независно судство немаме уште од почетокот, од осамостојувањето на Република Македонија и како доказ за тоа е дека во последните 27 години украдени се 15 милијарди евра од државата, а ниту еден од виновниците не е во затвор, вели Влахов Мицов.

Според него, ништо поразично не можеше да се очекува од пресудата во понеделникот на Зоран Заев, вчерашната на Поповски и денешната на Никола Груевски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг