Нутриционистичката програма која го промени мојот живот

Точка

23/05/2018

17:00

5.573

Големина на фонт

а а а

NuMe иновативната нутриционистичка програма, дизајнирана да ви помогне да се справите со прекумерната тежина од неодамна е достапна и на нашиот пазар. Клинички докажана, храната е создадена за секоја современа личност која се стреми кон целосна трансформација. Се состои од шест вкусни „all in one“ оброци, кои се консумираат во текот на денот.

Оброците вклучуваат шејкови за слабеење, супи и штангли кои го содржат колагенот како основен елемент. За ефектите од NuMe програмата сведочи и раскажува Милица, за нејзината петмесечна трансформација и резултатите кои ги постигна со овој начин на исхрана.


„Се сеќавам дека беше недела кога отидов во теретана и таму за првпат ја запознав Тамара. Почетокот беше навистина многу тежок и поминував навистина многу време во теретаната. Речиси целосно се откажав од храната која всушност предизвика да се здебелам, сепак процесот на слабеење се одвиваше бавно и си бараше повеќе време.“

„Да ја продолжам приказната.. Тамара ме забележа додека правев некои вежби. Имено, таа забележа дека јас вежбите ги правам на погрешен начин, па така дојде и ме искоригира, покажувајќи ми го правилниот начин за изведување на тие вежби.

По неколку разговори и средби со неа, можам да кажам дека никогаш не сум била посреќна од тогаш бидејќи успеав да се запознаам со вистинската личност која ќе ме мотивира, подучува, тренира, а меѓу другото и ќе ми стане вистински пријател. Поминаа пет месеци откако започнав да тренирам и да се водам по нејзиниот план за ихрана, се до точката на која се наоѓам сега. Секако, трансформацијата не запира тука.“


„Започнав со целосната програма на nuMe, шест nuMe оброци дневно, со многу малку калории и со вежбање два пати во неделата. Првите две недели поминаа брзо и лесно. Исто така можам да кажам дека во ниеден момент не ми здосади да ја јадам храната, бидејќи имаше повеќе вкусови како: капучино, ванила, чоколаден мафин и малина и искрено сите ми се омилени.“

„Исто така, тука е и највкусниот slim bar што некој некогаш го создал. Го јадев секој ден како замена за оброк и можам да кажам дека од сите чоколади кои досега ги имам пробано, ова е највкусното! Со само 129 калории, без додаени шеќери, чоколадното барче на nuMe е нешто што мора да се проба. Доколку сте малку заситени од слаткиот вкус, тука е уште еден оброк од nuMe! Супата nuMe која ќе ви го засити чувството на глад и ќе ви го замени солениот оброк по кој копнеете. Морам да признаам дека на моменти чувствував криза за некоја одредена храна, но во планот си вклучив и сиров зеленчук. На тој начин, со јадење на шестте оброци на време, кризата за храна исчезна многу брзо.“ 


„Кога ќе ги видите резултатите на крајот од месецот, тоа ви дава дополнителна мотивација да продолжите и наредниот месец. Сега, кога веќе организмот ми е привикнат и ја присвои оваа нискокалорична диета низ неколку оброци во денот, е многу полесно. Поради чувството на ситост, на кое телото е веќе навикнато, процесот си тече без прекини поради криза за храна или доколку на пример видите дека некој друг јаде.

Последниот месец го завршив со вежбање четири пати во неделата, вклучувајќи ручек и шест оброци nuMe. Секојдневен појадок ми е nuMe шејкот за слабеење со овесни снегулки, а вечерата ја заменувам со чоколадното барче или супа. За ручек јадам нормален оброк кој вклучува месо и салата. За ужина, ако сум многу гладна, земам чоколаден бар или шејк.“


За пет месеци намалив 23 килограми! Сега се чувствувам многу поудобно во своето тело, имам многу повеќе енергија, немам повеќе потреба да спијам преку ден и не сум толку мрзелива како што бев претходно. Сосем нова ЈАС! Ве повикувам и вие да станете дел од програмата nuMe. Таа го промени мојот живот, а сигурна сум дека ќе го промени и вашиот!“


„Кога ќе се навратам и ќе ги видам моите почетоци, можам да кажам дека овој предизвик навистина вредеше и е бесценето искуство. Трудот навистина се исплати кога тргате од себе си, со доволна мотивација и желба за да постигнете нешто подобро за себе и да направите подобра личност од себе е навистина вредна инвестиција. Вашето тело е всушност инвестиција во која ќе живеете до крајот на својот живот. И секако, кога до вас имате човек како Тамара, се се чини дека е полесно. Јас сум многу среќна и благодарна што запознав човек како неа кој се грижи да ве мотивира да го извадите најдоброто од себе.“



Спонзорирани линкови

Маркетинг