Audi Q8 - прва епизода: Германците со мини серијал го најавуваат новиот адут

Точка

22/05/2018

18:19

5.265

Големина на фонт

а а а

После серијата на тизер фотографии, од Ауди започнаа со емитување на првата од вкупно петте епизоди на специјален мини серијал за новиот Q8 кој ќе биде претставен идниот месец.

Последната секвенца ќе стане јавна на денот на светската премиера на купе-кросоверот на Ауди, кој што од страна на германскиот производител беше опишан како „највозбудивиот SUV на компанијата, на сите времиња“.

На 5-ти јуни новиот Q8 ќе биде претставен пред светската публика во Кина на Audi China Brand Summit во Шенжен.

Од уметничка страна, серијалот ветува. Сепак, иако од Q8 не видовме речиси ништо, освен самата ознака и бојата на каросеријата која што имплицира дека станува збор за спортска верзија. Погледнете ја првата епизода насловена како "Unleash the tough" подолу.

Следната епизода е на програмата за два дена (Unleash the brave), третата ќе ја гледаме следниот понеделник (Unleash the gentleman), а на првиот ден од јуни ќе го гледаме предпоследното продолжение (Unleash the hero), по што ќе почнеме со одбројувањето до последната епизода, односно претставувањето на Q8.



Спонзорирани линкови

Маркетинг