Подгответе се: Fortnite лудилото пристигнува и на Андроид

Точка

22/05/2018

17:25

3.563

Големина на фонт

а а а

Освен Андроид верзијата на Fortnite, од Epic Games најавија и бројни ажурирања и подобрувања на веќе постоечките верзии на мегапопуларната видео игра.

Откако една од најпопуларните игри моментално на пазарот - Fortnite, ги покори PC, Xbox One, PlayStation 4 и iOS, од Epic Games се подготвени да ја претстават и верзијата на играта за Андроид платформата.

Од Epic Games потврдија дека нивна цел е Fortnite да биде објавена на Google Play веќе ова лето, но од таму не открија поконкретни детали околу тоа кога тоа точно би можело да се случи.

Засега во мобилната верзија е достапна само бесплатната мултиплеер верзија Battle Royale, а од Epic Games нема никакви најави дека во иднина тоа би можело да се промени. Освен Fortnite за Андроид, од Epic Games најавија и бројни ажурирања и подобрувања на веќе постоечките верзии на играта.


Така се подготвува гласовна комуникација меѓу играчите, но и можност за ставање на "mute" на одреден играч или групи за играчите да можат полесно меѓусебно да се договараат.

Играчите на мобилните уреди ја поздравија и најавата на воведувањето на „штедење на батерија“, опција која што ќе го намали квалитетот на графиката, но истовремено користи значајно помалку батерија.

Да потсетиме, играта Fortnite речиси преку ноќ стана една од најпопуларните видео игри на светот. За само 20 дена од лансирањето, Epic Games заработи 15 милиони долари приходи од продажба, а секој ден бројките само растат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг