ВМРО-ДПМНЕ: Вчерашната судска пресуда е неправда

Макфакс

22/05/2018

10:25

1.068

Големина на фонт

а а а

Пресудата за ослободување на Зоран Заев од секаква вина за случајот „Поткуп“ е црн ден за македонското судство. Таа покажа дека законите не важат за криминалниот картел на СДСМ, а нивните функционери слободно може да бараат поткуп и да тонат во корупција, смета опозицијата.

Преку соопштение испратено до јавноста ВМРО-ДПМНЕ вели дека ослободителната одлука за Заев не изненадила никого, а ваквите срамни пресуди биле уште еден доказ дека судските процеси се со веќе познат резултат.

„Вчерашната судска пресуда не е правда. Вчерашната судска пресуда е неправда. Ваквата пресуда на судот внесува дополнителна несигурност кај граѓаните и чувство на немоќ против корумпираните моќници. Во исто време испраќа порака до сите неистомисленици дека судството стана главна политичка алатка на СДСМ за пресметка со сите оние кои не размислуваат како нив. Зоран Заев е по вторпат амнестиран политичар за очигледен криминал“, се вели во нивното соопштение.

ВМРО-ДПМНЕ на крајот ги повикува сите кои се разочарани и обесправени да излезат на антивладиниот собир на 2 јуни во 20 часот, пред владината зграда.



Спонзорирани линкови

Маркетинг