Тлото во jужна Албанија продолжува да се тресе

Макфакс

21/05/2018

10:28

1.465

Големина на фонт

а а а

Во полследните два дена над дваесетина земјотреси со посилен интензитет се почувствувани во јужниот дел на Албанија. Албанската сеизмолошка агенција соопшти дека земјотресите со најголем интензитет биле почувствувани во Валона и Тепечена и во бројните рурални населби во регионот.

Податоците говорат дека нагласена материјална штета е регистрирана кај дваестина станбени објекти. Пет семејства се евакуирани бидејќи штетите врз нивните објекти биле големи.

Според албанските медиуми, најсилниот земјотрес со интензитет од 3,4 степени бил со епицентар меѓу населените места Врник и Орикум.



Спонзорирани линкови

Маркетинг