Пресуда за Заев во случајот „Поткуп“

Макфакс

21/05/2018

09:48

1.403

Големина на фонт

а а а

Кривичниот суд во Скопје денеска треба да ја објави пресудата за случајот „Поткуп“ во кој е обвинет премиерот Зоран Заев.

На минатото рочиште Обвинителството го преквалификува обвинението за Заев со друг став за кој е предвидена поблага казна, а одлуката треба да ја соопшти судијата Дарко Тодоровски. Заев е обвинет за ветување дека ќе прими поткуп за што е предвидена казна од 1 до 5 години, а со старото обвинение за примање поткуп најниската казна беше 5 години.

Обвинителката Валентина Бислимовска на завршните зборови на 15 мај рече дека Заев не примил пари за поткуп. „Во истрагата и од исказот на сведокот Иван Николов, кој беше дециден дека не дал пари, а Зоран Заев не примил подарок, е утврдено дека таквата последица не настапила“, рече обвинителката. Премиерот рече дека каква и да е одлуката на судот, ќе ја почитува. „Тоа што се случувало е срам е за Јавното обвинителство во тоа време“, рече Заев.



Спонзорирани линкови

Маркетинг