Двајца скопјани нападнати на булеварот „Јане Сандански“, едниот бил прободен со нож

Макфакс

20/05/2018

15:47

2.992

Големина на фонт

а а а

Вчера во доцните вечерни часови во полиција било пријавено дека на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје се забележани две повредени лица, од кои едното прободено со нож.

По интервенција на полицијата, било утврдено дека повредени се двајца скопјани на возраст од 28 години.

Едниот од нив со остар предмет бил прободен во пределот на градниот кош и со возило на брза помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки повреди.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг