Кејт Мидлтон неправедно нападната на Твитер поради модната комбинација за кралската венчавка

Точка

20/05/2018

14:20

15.394

Големина на фонт

а а а

Војвотката од Кембриџ за прв пат јавно се појави на кралска венчавка откако го роди принцот Луис. После паузата од медиумите, таа не очекувала дека ќе налета на вакви реакции поради својот моден избор.

Корисниците на социјалните мрежи не се воодушевени со стајлингот на Кејт Мидлтон кој го избрала за венчавката на принцот Хари и Меган Маркл. 

Односно, војвотката од Кембриџ го направи своето прво јавно појавување откако се пророди со принцот Луис. Таа на венчавката пристигна во светло издание кое на прв поглед ги излажа сите поради што војвотката била нападната на Твитер.

"Чекајте, Кејт Мидлтон носи бело на венчавката??", "Дали некој ѝ кажа на Кејт дека не смее да носи бело на туѓа венчавка", "Кејт Мидлтон е во бело...едноставно не може да се прифати дека ова не е нејзин ден", беа дел од многубројните коментари на социјалната мрежа Твитер.

Но, Твитерџиите малку претерале со коментарите, бидејќи Кејт вооптшо не носела бело. Според порталот Page Six, војвотката носела светло жолт фусан во стил на капут со потпис од дизајнерската куќа Александар Меквин. Нејзиниот шешир бил во исто таква боја.




Спонзорирани линкови

Маркетинг