Актери кои нема да бидат повеќе повикани на кастинг во Холивуд

Точка

19/05/2018

17:40

13.554

Големина на фонт

а а а

Потребни се години и годни за да се изгради блескава кариера во светот на шоу бизнисот, а потребно е само една грешка за да го засени целиот тој труд во очите на јавноста. Холивуд е местото каде што се раѓаат ѕвездите, а зошто овие славни личности нема да бидат повеќе обожувани од страна на публиката прочитајте подолу во текстот.

Погледнете ја листата на глумци кои што важеа за едни од најголемите водачи во филмската индустрија, добитници на Оскари и професионалци во својата област, а поради зависност од  пороци, доживеани животни трагедии, карактерна лабилност и нетолерантност  ги уништија своите кариери.

Тоби Магвајер


Прв на нашата листа, кој што ја уништил својата кариера е Американскиот глумец и продуцент Тоби Магвајер и тоа поради зависност од коцкање до степен на нелегално играње покер и прекумерено изложување на животен ризик. Десет години наназад тој беше еден од најангажираните актери, а сега е најпопуларен покер играч и никој не сака да слушне за него.  

Џим Кери

Следен на нашата листа е Џим Кери, канадски глумец, продуцент и комичар. Неговата репутација опаднала откако неговата поранешна девојка се самоубила и го загубила животот поради конзумирање на преголема доза на наркотични сретства во нејзиниот дом во Лос Анџелес. Девојката работела како стилист и мејк - ап артист, а долги години страдала од депресија.

Во една од нејзините самоубиствени белешки било пронајдено порака "Џим ти ми го уништи животот". Оваа трагедија направи голем дел од публиката да му го сврти грбот на Џим.


Впрочем ова не е прв трагичен случај кога е во прашање Џим, многу негови претходни љубовни врски завршија со самоубиство. 





Фреди Принц Јуниор

Трет на нашата листа е Фреди Принц Јуниор, кој што упатуваше деградирачки пораки кон Канадскиот пејач, текстописец, глумец, продуцент и директор Киефер Шутерланд. Фреди изјави како Киефер е целосно непрофесионалец и дека тој е подготвен да му го каже сето тоа в лице. Потоа додаде и дека сите што работеле со Киефер го кажале истото. Очигледно овој артист не разбрал дека ширењето омраза и лоши гласини кон своите соработници го прави да изгледа непорофесионално во очите на јавноста. 


Спротивно на него Киефер достоинствено изјави дека иако тие двајца не работеле заедно веќе цели пет години, тој тогаш уживал во соработката со него. Артистот за крај му посака се најдобро на Фреди. Проблемот бил во тоа што Фреди Јуниор ширел неточни гласини, затоа што голем број од нивните соработници потврдиле дека Киефер е еден од најпрофесионалните актери. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг