Објавува збунувачки интимни фотографии, но вистинската приказна зад нив е многу поразлична

Точка

19/05/2018

21:30

7.007

Големина на фонт

а а а

Фотографиите на една Германка овие денови се многу популарни на Инстаграм. Изгледаат провокативно и несекојдневно, но приказната зад овие фотографии е многу поразлична.

Марлен живее во германската област Хесен. Има 19 години и учи во средно училиште. Сака да пее, глуми, а работи како касиерка во супермаркет за да заработи пари за гориво за автомобилот и ситни сопствени трошоци. 

Вели дека во слободното време сака да патува, фотографира, гледа ТВ серии и да прави работи во кои секоја млада личност ужива.

Марлен е всушност просечна 19 годишна девојка, но на 6 април оваа година за прв слушала за медулобластом - зборот кој ќе ѝ го одбележи целиот живот. Односно, докторите ја известија дека боледува од малигнен тумор на мозокот.

"Откако слушнав за дијагнозата, животот ми се промени. Сега сакам да ја раскажувам својата приказна и да зборувам за борбата против туморот. Сакам да споделувам сопствени искуства и барем малку да му помогнам на некој кој поминува низ вакво нешто", вели Марлен.

Во борбата со болестта најголема поддршка ѝ се нејзиното момче и сестрите, додека токму тие интимни фотографии со најважните луѓе за неа предизвикаа големо внимание кај луѓето на Инстаграм. Многумина размислуваат за што се работи, со оглед на тоа дека Марлен пишува на германски јазик, па претпоставуваа дека зборува за бисексуалност, со што настанала голема забуна.

Но, пораката е сосема друга. Марлен на овој начин сака да му се заблагодари на своето момче и сестрите за љубовта која ѝ ја пружаат, поддршката и вниманието кое ѝ го посветуваат.




Спонзорирани линкови

Маркетинг