"Бред Пит сакаше да ме "купи" за 120.000 долари, но не успеа"

Точка

19/05/2018

15:51

11.524

Големина на фонт

а а а

Популарната глумица од ТВ серијата "Игра на тронови", Емилија Кларк открила дека пропуштила љубовен состанок со неодоливиот холивудски заводник Бред Пит. Она што е интересно е дека пред нејзиниот нос ѝ го земал друг маж.

Имено, станува збор за хуманитарна аукција на која глумицата во замена на пари го понудила своето слободно време за го помине со оној кој ќе понуди поголема сума на пари за помош на загрозените семејства.  


Аукцијата започнала со 20.000 долари, но Бред веднаш понудил 80.000 долари. После тоа цената започнала да се зголемува, па глумецот повторно понудил 120.000 долари. На негова несреќа во публиката се појави галантен господин кој за време со глумицата понудил неверојатни 180.000 долари и му ја одзел Емилија буквално пред нос.


"Кога започна аукцијата сфатив дека Бред Пит се натпреварува да ме купи. Погледнав во салата и го погледнав неговиот број во воздух. За жал тој беше надигран и еве немавме можност да се запознаеме", рекла низ смеа глумицата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг