Има 27 години и понатаму е девица. Но, зошто?

Точка

19/05/2018

15:34

8.698

Големина на фонт

а а а

Алис Рајли јавно зборувала за тоа како изгледа да се биде девица на 27 години, истакнувајќи дека за тоа еден дел е виновна околината, а друг дел е бидејќи самата го посакувала тоа.

Јавната исповед настанала откако едно истражување покажа дека секоја осма личност која има 26 години е девица, додека експертите велат дека тоа е поради "стравот од интимност". 

Алис, која е блогерка и се занимава со дигитален маркетинг, истакнала дека нејзината одлука нема никкава врска со религиозните верувања. Таа рекла дека за нејзината невиност виновни се околината и самата таа.


"Кога станува збор за губење на невиност, постојат луѓе кои ја чекаат вистинската личност и сакаат тоа да им значи нешто, додека има и такви кои не се грижат за тоа", рекла во ТВ емисијата "Ова утро".

Рајли додала дека припаѓа во првата група на луѓе.

"Не барав човек за кој веднаш ќе се омажам после тоа, но не сакав да биде врска за една ноќ, врска која би значела повеќе од секс. Претпоставувам дека сè уште не сум ја пронашла вистинската личност", рекла таа.

Рајли рекла дека била во врска пет недели и дека зборувале за секс, но раскинале откако нејзиното момче ѝ признало дека и понатаму има чувства за неговата поранешна девојка.

"Кога сте девица, луѓето сметаат дека не сте заинтересирани за секс, но тоа не е точно".

Нејзината исповед предизвика различни реакции кај јавноста, па многумина се прашуваа зошто морала да се објаснува за нејзината невиност и тоа дека не постои ништо лошо да се биде девица на 27 години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг