Најубавите парови пристигнаа на кралската венчавка: Како изгледаат најзгодните мажи на светот и нивните сопруги?

Точка

19/05/2018

13:24

11.729

Големина на фонт

а а а

Кралската венчавка на принцот Хари и Меган Маркл ќе се одржи денеска во капелата Сент Џорџ во Виндзор.

Голем број гости веќе почнале да пристигнуваат во капелата, а помеѓу нив можат да се забележат бројни познати личности. 

Меѓу гостите се и Џорџ и Амал Клуни. Убавата Амал блескала во жолт фустан со одговарачка шапка, додека Клуни носел сиво одело.


На свечената церемонија пристигнале и Дејвид и Викторија Бекам, кои секогаш се ускладени кога е во прашање нивната облека.

Викторија блескала во темносин фустан со црвени високи потпетици, а Дејвид носел одело скроено по мерка.


На венчавката ќе присуствува и Пипа Мидлтон, сестра на војвотката од Кембриџ – Кејт Мидлтон. Таа во капелата Сент Џорџ пристигнала во друштво на својот сопруг, а медиумите неодамна ја објавија веста дека Пипа го очекува своето прво дете.

Таа носела едноставен цветен фустан во светли бои, со одговарачки цветен шешир.


Гости на свадбата се и родителите на Кејт – Керол, која блескала во светлосина модна комбинација и татко ѝ Мајл кој се појавил во свечено одело.




Спонзорирани линкови

Маркетинг