Три жени ја преживеале страшната трагедија: 100 мртви во падот на авионот во Куба! Леталото удрило во далновод

Точка

19/05/2018

12:33

3.341

Големина на фонт

а а а

Една од четирите преживеани жени кои биле донесени во болница по падот на "Boeing 737" на Куба починала, а останатите се наоѓаат во критична состојба.

Началникот на болницата, Каликсто Гарсија, каде жртвите моментално се наоѓаат, потврдил за "Reuters" дека во болницата првобитно биле донесени четири жени, но дека една во меѓувреме починала. 

Додека причината за несреќата и натаму не е јасна, очевидците рекле дека авионот се обидел да се врати на аеродромот по полетувањето и удрил во далновод.

Во страшната несреќа загинале повеќе од 100 луѓе, а меѓу патниците имало и пет деца, наведува кубанската државна телевизија.

Во леталото во моментот на несреќата имало 104 патници и 6 членови на екипажот.

Кубанската државна телевизија јавила дека авионот летал за кубанскиот град Олгин.

Мексиканското министерство за сообраќај соопштило дека "Кубана де Авијасион" од мексиканската компанија "Аеролинеас Дамох" го изнајмила авионот кој се урнал во Хавана.

Во соопштението исто така се наведува дека авионот е произведен во 1979. година, како и дека на него имало шест мексикански членови на екипажот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг