Се чека најлошото: Лавата голта куќи на Хаваите, вулканот не престанува да дивее

Точка

19/05/2018

12:29

6.418

Големина на фонт

а а а

Службениците на Хаваите ги предупредиле жителите дека лавата, која брзо се движи, се доближува до куќите кои неодамна биле уништени од ерупциите од хавајскиот вулкан Килауеа.

Хавајската служба за цивилна одбрана соопштила дека полицијата, пожарникарите и трупите на Националната гарда ја обезбедуваат зоната на Големиот остров и ги спречуваат луѓето да влезат во неа. 

Околу 40 куќи се изолирани во загрозената област кај местата Леилани Естејст и Ланипуни Гарденс, во кои лавата минатите две недели веќе уништила 40 објекти, меѓу кои и 26 куќи.

Службениците користеле хеликоптери за да проценат колку луѓе и натаму се наоѓаат во областа во која се заканува повторно излиената лава.

Истовремено, локалните власти ги повикуваат жителите да се подготват за потенцијални евакуации.

Инаку, неизвесно е кога вулканот ќе се смири.

Вулканот на големиот остров експлодирал во четвртокот, при што, повеќе стотини метри во вис исфрлал пепел и камења.

Научниците велат дека тоа била најсилната ерупција минатите денови, иако траела само неколку минути, а се случила две недели откако вулканот почнал да исфрла лава кон населбите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг