Голема трагедија: Се сруши патнички авион на Куба, најмалку 100 лица го загубија животот

Точка

19/05/2018

02:10

5.014

Големина на фонт

а а а

Авион со 113 патници и членови на екипажот се срушил набрзо после полетувањето од аеродромот во главниот град на Куба, Хавана.

Кубанската државна телевизија пренесува дека авионот од тип „Боинг 737“ се срушил набрзо после полетувањето од аеродромот во Хавана. Како што пренесуваат тамошните медиуми, се шпекулира дека има само тројца преживеани патници кои што биле во критична состојба.

Кубанскиот претседател Мигел Диаз-Канел пристигнал на аеродромот непосредно после падот на авионот и во краткото обраќање до државните медиуми открил дека „веројатно има голем број на жртви“.

Станувало збор за краток „домашен“ лет од Хавана до градот Холгуин на Куба кој што требало да потрае нешто помалку од час и половина.

Локални извори пренесуваат дека станува збор за авион кој што бил изнајмен од страна на кубанската државна авиокомпанија „Кубана Де Авиасион“, а авионот го управувал странски екипаж.


Засега не е позната причината за падот на авионот, а иако речиси сигурно станува збор за техничка грешка, некои кубански медиуми пренесуваат дека авионот експлодирал пред да падне на земјата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг