Трамп на Ким му се заканува со „Либиско сценарио“: Погледнете што му направивме на Гадафи, истото ќе ѝ се случи и на Северна Кореја!

Точка

18/05/2018

16:49

4.935

Големина на фонт

а а а

Доналд Трамп им се закани на северокорејските власти дека нивната земја ќе се соочи со „Либиско сценарио“ доколку Пјонгјанг не го прифати договорот.

Пред неколку дена советникот на Доналд Трамп за национална безбедност, Џон Болтон изјави дека во случајот со Северна Кореја, би можел да се примени „либискиот модел“, но Болтон со тоа не мислеше на воента инвазија на Либија.

Болтон кога го спомена „либискиот модел“ мислеше на договорот од 2003-та година кога тогашниот либиски претседател Моамер Гадафи се согласи на уништување на опасното вооружување и потенцијалниот развој на нуклеарно оружје, во замена за прекин на санкциите против Либија.


Но, Трамп очиледно не бил свесен за тоа, па мислел дека Болтон говори за воениот напад на Либија во 2011-та година, па изјави:

„Тој модел, ако го гледаме примерот на Гадафи, беше целосно уништување. Влеговме внатре и го поразивме. Тој модел би можел да стапи на сила и сега ако не постигнеме договор, многу веројатно. Но, ако постигнеме договор, мислам дека Ким Јонг Ун ќе биде многу, многу среќен“, изјави Доналд Трамп.

Со други зборови, според аналитичарите, Доналд Трамп му се закани на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун дека ќе го снајде „судбината на Гадафи“, односно дека доколку не се согласи нуклеарното вооружување на Северна Кореја да биде уништено, тогаш Северна Кореја ќе биде уништена, а тој симнат од власт.


Сепак, многу повеќе детали околу денуклеаризацијата на Корејскиот полуостров и тоа дали Ким Јонг Ун ќе се согласи на такво нешто во замена за повлекување на санкциите и други отстапки на САД, ќе бидат познати веќе идниот месец.

Како што е познато, американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот претседател Ким Јонг Ун на 12-ти јуни ќе имаат историска средба во Сингапур.



Спонзорирани линкови

Маркетинг