Целиот свет чека да ги види овие датали: Хари и Меган утре се венчаат, а се појавиле и првите фотографии

Точка

18/05/2018

12:30

4.912

Големина на фонт

а а а

Кралската венчавка на Меган Маркл и принцот Хари привлекла огромно внимание во целиот свет, и додека сите нетрпеливо чекаат да видат како ќе изгледаат деталите од самата прослава, тие вчера одржале генерална проба.

Поворката била спроведена околу замокот Виндзор, а илјадници луѓе воодушевено го гледале овој спектакл во исчекување на големиот ден. 

Целиот град е накитен и подготвен за прослава, а знамиња се веат на секој чекор.

Идните сопружници вчерашниот ден го минале во замокот Виндзор, за да присуствуваат на генералната проба и да се уверат дека се е како што планирале.

Папараците ги фотографирале во автомобил, а додека тие насмеано гледале еден во друг, на социјалните мрежи се појавиле коментари дека изгледаат премногу заљубени.

Меган непосредно пред венчавката со сите ги споделила лошите вести, изјавувајќи дека нејзиниот татко Томас Маркл нема да присуствува на кралската венчавка во сабота, како и дека со самото тоа нема да ја одведе до олтарот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг