Дали денешните млади средношколци сакаат да се консултираат со психолог? - разговор со психотерапевтот, психолог и проф. Христина Стефанофска

Точка

18/05/2018

10:36

10.789

Големина на фонт

а а а

Христина Стефанофска е психотерапевт, психолог и професор во приватната гимназија "Алгоритам", а денес ќе разговараме со неа на темата - Адолесценција. На прашањето колку средношколците се консултираат со психолози таа ни даде еден интересен одговор: "Впрочем патот не е лесен но затоа постои некој кој се вика психолог, психотерапевт, психијатар па се вели: прашајте го него!"

Во кој период од развојот се наоѓаат средношколците?  

Тоа е периодот на адолесценцијата, која е една од трите критични равојни точки од животната оска на човекот. Постои рана адолесценција (10-14 г.) кога тинејџерот се прилагодува кон сопствените биолошки промени, средна адолесценција (15-18 г.) кога детето-адолесцент се ориентира кон надворешната средина и доцна адолесценција (19-21 г.) кога тинејџерот е во фаза на консолидација на сопствениот идентитет.

Какви потешкотии се јавуваат кај децата од 10 - 14 годишна возраст?

Во раната адолесценција (10-14 год) тинејџерите имаат потешкотии на телесен план бидејќи се во фазата на прифаќање и истражување на сопствената сексуалност. Во овој период родителите најчество се обемени со контрола на однесувањето на детето и притоа свесно или несвесно навлегуваат во интимниот живот на детето, контролирајќи го и следејќи го секој чекор и постапка во однесувањето на детето. Тогаш всушност родителите за прв пат се среќаваат со некои нови форми на однесување на децата како често заклучување или затворање во сопствената соба или пак тоалет што притоа со сопствените постапки може да предизвикаат нарушување на оваа развојна фаза кај детето. Во овој како и во секој период од детството многу е важно да зборуваат за човекот како биолошко суштество, за половите разлики за тоа како било порано за тоа како е сега, сето тоа обоено со топлина рабирање и доверба во говорот.

Какви потешкотии се јавуваат кај децата од 15 - 18 годишна возраст?

Во средната адолесценција (15-18 год) тинејџерите најчесто проблем имаат со емоционално созревање т.е емоционална и социјалната писменост и тоа поради тоа што во овој период постои зголемена сензитивност и реактивност на драбите од средината и оние кои потекнуваат од нив самите а тоа најчесто се емоциите или мислите кои се окупирани со нивниот физички изглед, облека, економски статус, сето тоа доведува до бурно изменување на различни емоционални состојби како: импулсивност, хаотичен и бурен партнерски живот, зголемена неконтролираност, автоагресивност. Партнерските врски во овој период ја ранишуваат психо-емоционалната состојба кај тинејџерот па поради истите често пати неоправдано отсуствуваат од часовите на училиште, губат интерес кон училишните обврски и покажуваат слаб училишен успех, честопати и се откажуваат од свои омилени интереси. Сето тоа се манифестира и во семејството каде ја покажуваат таа нетолерантност кон родителските укажувања и барања па посегнуваат кон пороци како цигари, алкохол, дрога, наркотици.

Што се случува со тинејџерите на вораст од 19 - 21 година?

 Во овој период тинејџерите најчесто се соочуваат со проблемот во нејасноста на его границите, криза во идентитетот и барање на себеси и своето место и улога во општеството, конфузија во поставувањето на животни краткорочни или долгорочни приоритети. Во целиот овој процес најважно е тинејџерот да се спонае и прифати себеси а во тоа секако ќе му помогнат неговите родители кои во комуникацијата често би ја користеле "јас-пораката" која изгледа вака:

Јас ..."" Мислам "," Се чувствувам "," посакувам "итн.

Кога.../ "ајде","како можеме да го решиме проблемот"

Затоа што...(што мислите, што гледате?)

Каде најчесто грешат родителите?

Всушност одредени емоционални и психолошки проблеми на возрасните, навистина потекнуваат од воспитувањето кое го добиле и искуствата кои ги стекнале како деца. Ако родителите постојано кажуваат на своето дете како им било тешко откако се родило, колку проблеми им донело, детето тоа го сфаќа како „Лошо сум. Ако не постоев, немаше да има проблеми“. Детето тоа несвесно го одразува со повреди на себе и екстремно однесување како опасни спортови, пиење, алкохол, дрога кои се најчеста деструкција на денешната младина.

Доколку сакате да дознаете нешто повеќе околу родителството и типовите на родителство проследете го нејзиното интервју на ''Утринска на Телма - Типови на родителство.''



Дали денешните млади средношколци сакаат да се консултираат со психолог? Какво е вашето искуство околу тоа?

Денешните младинци се многу поотворени во врска со советувањето кај психолог бидејќи модерното општество почнува да ги руши стереотипите на оваа професија кои владееја и донекаде сеуште владејат поради самата стигматизација поврзана со менталните болести. Можам да забележам дека повеќето ученици ја сакаат психологијата па дури израувааат желба за редовен предмет во нивното средношколско обраование. Впрочем патот не е лесен но затоа постои некој кој се вика психолог, психотерапевт, психијатар па се вели: прашајте го него!





Спонзорирани линкови

Маркетинг