Лажен доктор измамил пациентка на Клиниката за ортопедија

Нетпрес

17/05/2018

16:02

1.410

Големина на фонт

а а а

Како што информираа од полицијата околу 13.00 часот во Комплексот клиники „Мајка Тереза”Б.В. (63) додека заедно чекла со неговата сопруга да бидат повикани во ординацијата на докторот непознато лице му се претставило како доктор вработен во клиниката и почнал да му објаснува за болеста на неговата сопруга.

Кога измамникот видел дека тие му веруваат на кажанато непознатиот се понудил дека може да им помогне да ја забрза процедурата за терапијата, по што на Б.В. му побарал 12.000 денари. Откако лицето ги земало парите со изговор дека ке оди да се консултира со останатите колеги и дека ѓе се врати за кратко се изсгубил во еден од болничките ходници. По извесното чекање кога сватиле дека се измамени Б.В и неговата сопруга случајот го пријавиле во полиција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг