Европската комисија ја тужи Германија и уште пет земји членки: Биле глуви на предупредувањата од Брисел!

Точка

17/05/2018

16:26

3.247

Големина на фонт

а а а

Европската комисија ќе ја тужи Германија и уште пет земји членки на Европската унија поради прекршување на законите за загадување на воздухот.

Комисијата денес одлучи да ги изведе Германија, Италија, Велика Британија, Франција, Романија и Унгарија пред суд.

Франција, Германија и Велика Британија ќе бидат тужени поради непочитување на ограничувњата на азот диоксидот, а Унгарија, Италија и Романија поради тоа што не успеале да го намалат нивото на опасните честички кои што го загадуваат воздухот, пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“.

Европската унија воведе ограничувања во 2010-та година на нивото на честичките кои што го загадуваат воздухот, но многу земји членки, посебно во најголемите градови, се уште имаат проблем со загадувањето на воздухот кое што е над дозволеното ниво.


„Комисијата мораше да заклучи дека во овој случај, шест држави членки на Европската униај, предложените дополнителни мерки не им се доволни за усогласување на стандардите што е можно поскоро“, изјави европскиот комесар за екологија, Камену Вела.

Тој додаде дека Шпанија, Чешка и Словачка избегнале да добијат тужба затоа што ветиле дека ќе спроведат мерки кои што ќе им овозможат што поскоро да ги исполнат стандардите на Европската унија за квалитетот на воздухот.

Германскиот град Штутгарт бележи 82 микрограми нитроген диоксид на кубен метар, што е двојно повеќе од дозволените 40 микрограми. Министрите за животна средина имаа шанса да ја објаснат ситуацијата во јануари 2018-та година кога биле повикани од Европската Комисија.


Германската министерка Барбара Хендрикс е една од повиканите министри. Комисијата веќе предупреди десетина земји членки на Европската унија на почетокот на 2017-та година, дека доколку не го подобрат квалитетот на воздухот ќе се соочат со тужби.

Постапки веќе се спроведени против Полска и Бугарија, додека на Германија, Шпанија, Франција, Италија, Велика Британија, Чешка, Унгарија, Романија и Словачка им било дадено дополнително време за да ја објаснат ситуацијата.

Европската комисија најдоцна до утре ќе донесе одлука околу плановите за намалување на загадувањето на воздухот во земјите членки на Европската унија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг