Позираше полна со самодоверба, но потоа се шокирала од фотографиите: "Се извинувам поради мојот изглед"

Точка

17/05/2018

14:47

7.047

Големина на фонт

а а а

Долго време не сме имале можност да ја погледнеме во јавност, а сега се појави на црвениот тепих во Њујорк и сите ги шокираше со својот изглед.

Глумицата Џенифер Лав Хјут се појави на црвениот тепих за да ја промовира најновата серија "9-1-1", првата после последната улога во серијата "Криминални умови". Додека позираше се забележа дека е полна со самодоверба, но откако ги погледнала фотографиите од настанот, непријатно се изненадила. 

"Ова беа неколку навистина интензивни денови. Прекрасни, благословени, но интензивни. Никој не ми кажа дека тоа ќе трае 12 часа и дека влажноста на воздухот ќе биде 100 %. Сакам да се извинам. Црн костим? Лоша идеја. Недоволно лак за коса? Исто лоша идеја", напиша 39 годишната глумица на Инстаграм.

"Морам да се извинам поради тоа што изгледам уништено на сите фотографии. Буквално се топев. До моментот кога буквално зачекорив на црвениот тепих, се стопив. Косата ми се исправи, шминката ми се растопи и изгледам како да сум заборавила дека сум актерка и како треба да изгледам на црвениот тепих", додаде таа.


Истакнала дека нема така да изгледа во серијата и дека ќе биде средена од глава до пети.

"Се извинувам, навистина требаше да се средам", заклучи актерката и откри дека цела вечер не спиела поради оваа случка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг