Почна самитот меѓу врвот на ЕУ и лидерите од Западен Балкан

Макфакс

17/05/2018

11:53

844

Големина на фонт

а а а

Започна историскиот Самит во Софија, меѓу лидерите на 28-те земји-членки на ЕУ и земјите од Западен Балкан. Ова е најголемиот настан во рамките на бугарското претседателство со ЕУ, состанок во овој формат се случува за прв пат во последниве 15 години, пренесуваат бугарските медиуми.

Домаќинот на самитот, премиерот Бојко Борисов, лично ги поздрави лидерите на Франција, Германија и Велика Британија. Главната тема на разговорите денес е поврзувањето на земјите од Западен Балкан и дигиталната безбедност.

Целта е да се подобрат односите меѓу Западен Балкан и ЕУ, како и меѓу земјите од регионот.

Пред почетокот на средбата, бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева потсети дека има уште најмалку 12 отворени гранични прашања во регионот.

„Како се донесуваат одлуките во ЕУ – само врз основа на компромиси“ рекла Захариева, пренесуваат бугарските медиуми.

Захариева изрази надеж дека средбата во Софија ќе се споменува и по години, по начинот на кој тоа се правело за форумот во Солун од 2003 година. Таа не сака да прогнозира колку нови членки ќе има ЕУ во следните 15 години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг