Додека светот гледа на друга страна, овие две европски земји се на раб на војна: Доволна е мала искра за сè да почне

Точка

16/05/2018

18:43

9.789

Големина на фонт

а а а

Односите меѓу Грција и Турција се враќаат на нивото на Отоманската империја. Судирот е на раб на избивање на војна, оценува весникот "Christian Science Monitor".

Додека сите очи се свртени кон Иран и Северна Кореја, овие две соседни земји полека "лизнале" во опасно подрачје во кое и најмалку погрешно разбирање би можело да ги одведе во сериозен конфликт, кој не исклучува и вооружен судир, оценува споменатиот весник. 

Се потсетува и на тоа дека тензиите меѓу Грција и Турција константно растат во областа на Егејското море, а тензиите дополнително се кренати откако Турција одбила да ослободи двајца грчки стражари, заробени кај границата, поради упад во турска територија. Грција тврди дека војниците се изгубиле по силното невреме и дека сосема случајно влегле на турска територија, додека Турција смета дека станува збор шпиони.

Исто така, причината за тензии се и константните воени вежби на копно и на море, веднаш до турската граница, како и најавата на Грција дека кон границата со Турција ќе прати уште 7.000 војници.

Грција и Турција се препукуваат и на небо. Минатиот месец грчки и турски авиони за малку ќе влегле во воздушниот простор на соседот, поради што Турците испукале куршуми за предупредување кон Грците, но и Грчката страна не останала должна кога турски авион се доближил до Грчка територија.

Бројот на провокации на островите на Егејското море не може ни точно да се преброи.

Сега е прашање колку се работите лоши? Многу лоши, оценува "Christian Science Monitor", и истакнува дека ниедно спорно прашање меѓу овие две земји уште од 1996. година не е решено, како разграничувањето на Егејското море, како ни прашањето за Кипар.

Судејќи по се, ни сегашните власти нема да ги решат овие прашања, бидејќи, на пример, грчкиот министер за одбрана е силен десничар кој за Ердоган вели дека е "лудак", додека властите во Анкара се националистички настроени. А бидејќи во Турција се ближат избори, ситуацијата ќе биде уште потензична.

Грчкиот министер за надворешни работи веќе предупредил дека Турција се доближува до црвената линија.

Аналитичарите од "Christian Science Monitor" оценуваат дека целокупниот однос на Турција и Грција станал толку тензичен што и едно најмало недоразбирање, погрешна проценка или потег, би можеле да доведат до вооружен судир. Тие како веројатно сценарио поставуваат ситуација, на пример, грчки авион да собори турски кој му се доближува, што директно ќе доведе до вооружен судир.



Спонзорирани линкови

Маркетинг